Четврток, 29 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Елмас играше 58 минути, Аталанта освои бод во Фиренца

Фудбалерите на Фиорентина и Аталанта ремизираа 2:2 (0:1) во последниот натпревар од деветото коло на италијанската Серија А.

На „Артемио Франки“ гледавме многу динамичен натпревар со четири гола и еден пресврт. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, започна во стартниот состав на Аталанта, во 12-та минута доби жолт картон, а во 58-та беше повлечен на клупата.

Гостите од Бергамо поведоа преку Шарл Де Кетелар и со минимална предност отидоа на големата пауза.

Сепак, „виола“ успеа да го сврти резултатот за само осум минути, Наџа израмни во 53-та, а Жоао Марио им донесе водство на домашните во 61-та минута.

Одличниот натпревар беше заокружен со голот на Залевски за конечни 2:2, иако до крајот и двата тима имаа шанси за победа.

Веројатно најдобрата шанса за триумф на Фиорентина ја имаше Брешанини во 85-та минута, но Карнесеки одлично одбрани, исто како што на спртивната страна Де Хега го сопре ударот на Де Кетеларе.

Фиорентина стигна до петтиот бод од девет натпревари и е на 18-та позиција, додека Аталанта со 11 скокна на 12-та позиција на табелата.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести