Четврток, 29 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Зверев стана рекет број 1 во светот

Германскиот тенисер Александар Зверев, од вечерва, официјално е најдобар тенисер во светот.

На АТП листата во живо, Зверев го престигна Италијанецот Јаник Синер и стана 30-тиот тенисер кој успеа да биде најдобар на планетата во еден момент.

Зверев стигна до таму со победата над Холанѓанецот Талон Грикспор во второто коло од турнирот во Виена.

Германецот победи со 6:4, 6:4, а мечот траеше 95 минути.

Зверев стана вториот Германец, по легендарниот Борис Бекер, на првото место во светот, а ривал на двократниот шампион на Гренд слем во четвртфиналето во Виена ќе биде Британецот Артур Фери.

Поради повредата на Синер, јасно е дека 29-годишниот Зверев ќе ја заврши годината на чело на АТП листата.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести