(Видео) Спектаклот во Истанбул заврши со шокантни сцени: Публиката го тепаше шампионот

Мурад Алиев го освои сребрениот појас во тешка категорија, во верзијата на ВБЦ, победувајќи го Умут Чамкиран на поени во Истанбул, но неговиот триумф беше засенет од масовната тепачка што избувна по борбата.
Францускиот боксер ја освои титула во тешка категорија, која немаше сопственик, во спортската арена „Улкер“, тесно, на поени, по 12 брутални рунди борба со локалниот боксер.
Сепак, она што се случи по борбата целосно го засени спортскиот резултат. Инцидентот избувна веднаш по завршувањето на мечот, пред официјално да биде објавена одлуката на судијата.
Настана целосен хаос, луѓе почнаа да се бркаат по рингот и физички да се тепаат. На видеото се гледаат и некои навивачи како го удираат Алиев во главата со тупаници, а тој не е во состојба да се одбрани.
Алиев доби неколку удари, вклучително и удари во задниот дел од главата, пред да успее да се извлече од непосредната конфронтација. Тепачката продолжи и кога некои учесници го напуштија рингот.
Членовите на тимот, гледачите и обезбедувањето влегоа во рингот. Луѓето се бркаа едни со други, а наводно летаа разни предмети, вклучително и столчиња.
Дури кога ситуацијата се смири и боксерите отидоа во соблекувалната, јавноста дозна за исходот од борбата.
На тој начин Алиев го подобри својот професионален рекорд на 16 победи и еден пораз, со 11 нокаути, додека Чамкиран го претрпе првиот пораз во својата професионална кариера. Турскиот боксер сега има рекорд од 25 победи, од кои 23 со нокаут, и еден пораз.


