Недела, 25 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Околу 100 уапсени по нередите во Барселона, ограбени продавници и запалени повеќе од 30 пожари

25.10.2026, 08:14

Околу 100 лица се уапсени синоќа во Барселона, откако маскирани демонстранти, кои учествувале на протест против естаблишментот, ограбувале продавници и палеле имот во близина на централниот градски плоштад Пласа де Каталуња, соопштија каталонските власти.

Околу 25 проценти од приведените се малолетници, изјави Нурија Парлон, надлежна за внатрешни работи во автономната област Каталонија. Според неа, за време на немирите биле предизвикани повеќе од 30 пожари, а 14 продавници биле вандализирани или ограбени.

X (Twitter)

🇪🇸 | URGENTE: Centro de Barcelona, España: https://t.co/NTTFotGbSR

— Alerta News 24 (@AlertaNews24) October 24, 2026

Погледни на X

На социјалните мрежи претходно биле објавувани повици за приклучување кон движење „против системот“. Во објавите се користел и слоганот „Институт Индинјатс“, инспириран од француското движење „Lycées Indignés“, кое во изминатите недели организирало протести на ученици во Франција. Називот може да се преведе како „огорчени средношколци“.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе заробени во продавници, меѓу кои и во стоковната куќа „Ел Корте Инглес“, откако биле спуштени заштитните ролетни за да се спречат грабежи.

На други видеа се гледаат демонстранти облечени во црно, со капуљачи на главите, како кршат излози и однесуваат стока. Во одредени случаи, корисници кои ги следеле настаните преку интернет ги поттикнувале на таквите постапки.

Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, порача дека вандалските акти во градот „нема да поминат неказнето“.

Тој најави и правни последици за старателите на малолетниците кои учествувале во немирите.

Поврзани вести