Саша Илиќ го напушти Партизан

Саша Илиќ дефинитивно повеќе не е тренер на Фудбалскиот клуб Партизан, објавија српските медиуми.
Поранешниот капитен на црно-белите одлучи да го заврши својот мандат на клупата на клубот каде што остави длабока трага како играч, и покрај обидите на раководството да го убеди повторно да размисли пред да го направи конечниот потег, неофицијално дознава „Моцарт Спорт“.
Разделбата следеше по поразот од 0:2 против Чукарички, што дополнително ја продлабочи кризата во клубот. Тоа беше седми неуспех на Партизан во 11-от натпревар во тековното издание на Суперлигата на Србија, а по уште еден удар, Илиќ одлучи да замине од функцијата.
Според неофицијалните информации што ги објавија медиумте, во претходните денови постоеше можност одлуката за заминување да се одложи. Илиќ го одложи конечниот исход во два наврати, но овој пат не сакаше да ја продолжи неизвесноста, па соработката со црно-белите заврши.
Ситуацијата во клубот е дополнително нејасна поради фактот што, според достапните информации, планираниот тренинг не се одржа денес. Засега не е познато кој ќе го предводи тимот во следниот предизвик.
Во среда, Партизан ќе гостува кај Радничка во Ниш во натпревар што требаше да се одигра во четвртото коло на српската Суперлига, а останува да се види кој ќе ја преземе одговорноста за водење на тимот во тој натпревар.



