Четврток, 22 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Во Франција потврдена првата зараза со вирусот Шамонда кај човек, пациентот починал

22.10.2026, 12:24

Во Франција е потврден првиот случај на зараза со вирусот Шамонда кај човек. Пациентот кај кого бил откриен вирусот во меѓувреме починал, соопштија француските здравствени власти, нагласувајќи дека во оваа фаза нема опасност за општата популација, пренесува Ројтерс.

Вирусот Шамонда припаѓа на групата ортобунијавируси што се пренесуваат преку инсекти. Првенствено го погодува добитокот, особено говедата, а го пренесуваат ситни мушички што касаат.

Првпат бил идентификуван во Нигерија во средината на 1960-тите години, а оттогаш повремено бил регистриран кај животни во Африка и Јапонија. Во текот на оваа година вирусот се проширил во неколку европски земји.

Според француската влада, досега се сметало дека овој вирус не се пренесува на луѓе.

Главната претпоставка е дека пациентот се заразил во источниот дел на Франција, каде што вирусот циркулирал меѓу животните во текот на пролетта и летото 2026 година.

Поврзани вести